Неколку вистини за мажите и сексот

Loading...

Мислите дека за мажите сексот е само физичко уживање и дека единствено му се допаѓа кога тоа го прави на брзина? Погрешно! Мажите не се толку едноставни и поразлични од жените. На нив им се допаѓаат многу нешта на кои жените воопшто и не помислуваат. Еве неколку од нив.

Бавно е добро. Понекогаш и тој ужива во нештата кои се одвиваат бавно. И него го возбудува сензуалниот и бавен секс.

Не му требаат упатства. Мажите сакаат да бидат главни, да истражуваат, па не им требаат упатства. Барем така мислат. Допуштете му да ужива во откривање на вашето тело и немојте постојано да го предупредувате што смее, а што не смее да прави.

Во ред е да се смеете. Не нему туку со него. Непријатните ситуации кои може да се случат, како чудните звуци, несмасноста или нешто слично претворете ги во смешни ситуации.
Кога сака секс – го сака веднаш, а не откако ќе се истуширате, раскренете по дома или исчистите. Иако можеби нема да приговори, мажот ќе биде повреден ако е одбиен.

Сака потврда дека е добар во кревет. Иако можеби тоа и не била најдобрата изведба, мажот не сака критика. Малиот позитивен коментар ќе го нахрани неговото его и самодоверба.

Сексот за него е само физичко уживање. Ова е само женска илузија. Иако во екстаза најчесто не дава изјави на љубов, тоа не значи дека не е емотивен. Тоа значи дека емоционалното и физичкото задоволство ги доживува истовремено, и тоа е тоа.

Му треба секс за нормално да функционира. Мажите потешко го преживуваат периодот на апстиненција од жените. Затоа жената не треба да го казнува преку ускратување на секс.

Отворен е за сите ваши фантазии. Дури и ако ползејќи се обидувате да го дофатите далечинското од телевизорот, за него тоа е нова Кама Сутра. Мажот нема да ја одбие можноста да ја исполни фантазијата на својата партнерка.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...