Неколку дена на море можат да направат чудо за вашето здравје

Лековитоста на морето е одамна потврдена, но не само поради пливањето, туку и поради шетањето на песок, воздухот и сонцето.

Британското здружение за дерматолози истакнува дека многу делотворно е и седењето покрај морето и гледањето на брановите. Воздухот и мирисот ослободуваат диметил-сулфид кој директно делува позитивно на дишните патишта. Тоа има одличен ефект кој се изразува преку добар сон и слободно движење на крвотокот.

Негативните јони се борат и против слободните радикали, воспоставувајќи рамнотежа на хормонот на среќа и задоволството.

Минувањето време покрај море го ублажува и дерматитисот, односно морската сол и калиум хлоридот го успоруваат зараснувањето на кожата, повлекувањето на егземите, а се препорачува и како лек за синуси, алергија и настинки.

Благодарение на сонцето, организмот добива и неопходна количина витамин Д кој делува на коските, мускулите и имунитетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.