Неколку причини зошто жените со кратка коса се така привлечни

Loading...

Меѓу познатите дами во светот, има сѐ повеќе примери каде што кусата фризура речиси совршено се вклопува во нејзиниот имиџ. Но, зошто е тоа така? Порталот Б92 наведува неколку причини околу тоа зошто жените со кратка коса им се привлечни на мажите.
Пред сѐ, на улица ретко се гледа жена со куса коса, па затоа и така лесно „паѓаат во очи”. Токму поради тоа, луѓето често ја истакнуваат „единственоста” на жена со ваква фризура.


Покрај тоа, жената делува посамоуверена. Експериментирањето не е лесно за секого, па не жената не секогаш одлучува да ја скрати косата што така долго ја негувала. Мажите ја препознаваат таа храброст и самоувереност, па тоа ги привлекува.
Натаму, косата не ѝ паѓа преку лицето… На некои луѓе им пречи кога, во миговите на нежност, косата ќе го прекрие нејзиното лице. Освен тоа, тука е и практичноста – нема долги влакна по перниците, чаршавите, теписите и по целиот дом.
Вратот и рамењата секогаш јасно се гледаат. Овој дел на женското тело важи за еден од најпривлечните, а кратката коса сосема го открива.

loading...