Неколку причини зошто треба да користите ловоров лист

Loading...

Ловор е билка која се одгледува во Европа, на Медитеранот и во Азија. Позната е уште многу одамна, а ловоровиот лист се користел уште во средниот век за медицински цели, додека во стара Грција служел за изработка на венци кои се ставале на глава на спортистите, поетите, граѓаните и јунаците за да се прослави нивната моќ или победа.
Ловоровиот лист се користи како додаток во многу јадења, но и за лечење на некои состојби.
Што содржи ловоровиот лист?
Ловоровиот лист содржи околу 2 проценти есенцијални масла, а има многу предности за организмот. Содржи полифеноли кои се моќни антиоксиданти. Содржи и витамин А, витамин Ц и бројни минерали како што се натриум, калиум, железо, магнезиум и влакна. Во 28 грама ловоров лист има 54 калории.
Како се користи?
Најчесто се користи сув ловоров лист, а важно е по готвењето да го извадите од храната бидејќи ако се изеде може да дојде до сериозни последици. Може да го додадете во јадења со зелка, гулаш, грав. Може да се комбинира и со други зачини како што се рузмарин, сенф, магдонос, црвен пипер.
За што сè е добар?
Освен што дава посебен вкус на храната, се користи и во медицински цели. Може да направите чај или сируп кој ја ублажува кашлицата, ги олеснува симптомите на воспаление на белите дробови и го смирува воспаленото грло.
Чајот исто така ги олеснува и болките во стомакот. Чајот се прави многу едноставно: ставете 4 суви листови ловор во 250 мл топла вода, а потоа варете околу 3 минути. Исцедете го чајот и може да го пиете.
Ловоровиот лист е добар за намалување на холестеролот и нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари. Помага за надуеност и главоболки.
Истражување од 2014 година покажува дека екстракт од ловоров лист може да ја намали шансата за настанување на камен во бубрезите.
Сепак, треба да бидете внимателни со неговата употреба. Не треба да го изедете листот, а бремените жени и доилки треба да не го користат толку често, исто како и лицата кои страдаат од дијабетес.
Ловоровиот лист е отровен за мачки и кучиња.

loading...
Loading...