Некој намерно да сака да направи смут? Се повлече чехињата која што ги изнесе „забелешките“ во врска со Чешка и „Францускиот предлог“

Јана Јузова од чешкиот Институт „Еуропеум“ попладнево информираше дека нејзините ставови изнесени на вчерашниот форум во организација на Институтот за европска политика не се официјален став на Прага.

ПУЛС24 заради веродостојност на напишаново подолу го пренесува и оригиналниот твит 👇👇

Дали се работеше за намерно внесување на смут или е во прашање неискуство?

– Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на „Твитер“.

Јузова вчера беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.