Нема договор за Украина без Украина

Шефот на дипломатијата на Украина повтори дека со учество на Киев треба да се постигне договор за ставање крај на војната во Украина.Реакцијата доаѓа откако унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа разговори за можен мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин, што ги налути некои лидери на Европската унија.Ова беше прва средба на лидер на ЕУ со Путин во Москва од април 2022 година.Нашиот став – нема договор за Украина, без Украина“, изјави Дмитро Кулеба, пренесува skynews.Вчера, украинското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое се вели дека нивната политика „останува непоколеблива“ и ги повикаа „сите држави строго да ја почитуваат“.Орбан силно се спротивстави на испраќање западно оружје во Киев и санкционирање на Русија за нејзината инвазија на Украина.„Не можеме да седиме и да чекаме војната да заврши чудесно“, напиша тој во X.Инаку, Русија ја започна инвазијата на украинската држава на 24 февруари 2022 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: