Нема еуфорија во Милан по победата над Барса

Loading...

Фудбалерите на Милан, одиграа тактички перфектен натпревар и по девет години пауза забележаа победа над Барселона. Играчите на Масимилијано Алегри, против фаворизираната Барселона забележаа победа со 2:0, во првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони.И покрај задоволството од играта и особено од резултатот, во таборот на Милан нема еуфорија, свесни дека ќе треба да го одиграат и реваншот на „Камп Ноу“. Тренерот на Милан смета дека неговиот тим одиграл одличен натпревар и дека ја заслужил победата.„Знаевме дека Барселона сака да ја има топката во свој посед, но ние цело време бевме мирни. Ни зададоа многу проблеми по страничните позиции во првото полувреме, но ја задржавме концентрацијата“, изјавил Алегри.Најискусниот играч на Милан, капитенот Амброзини, предупредува дека ова е само првото полувреме од двомечот со Каталонците.„Моравме да играме дефанзивно, бевме внимателни и не и дозволивме на Барселона да го загрози нашиот гол. Сепак ова е само првото полувреме, погрешно ќе биде доколку уште сега помислиме дека сме направиле нешто“, рекол 35-годишниот Амброзини.Констатацијата на капитенот ја прифаќа и стрелецот на вториот гол Сули Мунтари.„Доколку играте деконцентрирано против Барселона казната бргу ќе ве стигне. Ова е убава предност но на „Камп Ноу“ нема да биде лесно. Можете да водите и 5:0 против Барса и тоа не мора да значи ништо, Барса има неверојатни фудбалери. Ние делувавме како вистински тим, бевме дисциплинирани го затворивме секој дел од теренот“, изјавил Мунтари.Каталонците се разочарани од конечниот резултат, но како што истакнува Андрес Иниеста во реваншот Барселона ќе нападне од првата минута.„Кога не сте на вообичаеното ниво ќе ви се случи ова, ова е лош резултат. Игравме против Милан, ова е Лига на шампиони, знаевме дека се е можно. Немавме свежина, а во играта ни недостигаа идеи, а тие без одлично поставени на теренот“, изјавил Иниеста.Поразот од Милан беше втор за Барселона во Лигата на шампиони, во фазата по групи каталонците загубија од Селтик. Инаку оваа сезона барса има два порази и во Шпанија, од Реал Мадрид во Суперкупот и од Реал Сосиедад во првенството.Реванш натпреварот Барселона и Милан ќе го одиграат на 12.март.
МакфаксФудбалерите на Милан, одиграа тактички перфектен натпревар и по девет години пауза забележаа победа над Барселон

loading...