Австрија го блокира влегувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска објави дека Австрија се противи на пристапувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната, пренесе БТА.

Нехамер зборуваше за време на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Изјавата беше дадена еден ден откако романскиот министер за внатрешни работи Лучијан Боде беше во Виена, каде што се сретна со австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

„Министерот за внатрешни работи јасно кажа. Нема одобрение од Австрија за проширување со Бугарија и Романија. Потребно е повеќе време. Во Австрија имаме 75.000 нерегистрирани илегални мигранти. Тоа значи дека ја преминале надворешната граница на Европската Унија и завршиле во внатрешна земја како Австрија. Мораме прво да одговориме на овие безбедносни прашања“, рече Нехамер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.