Нема карантин за Куманово

Loading...

Нема карантин за Куманово.

Не е потврдено барањето на градоначалникот на Куманово за градот да се стави во 14 дневен карантин, на денешната седница на Владата.

На сила остануваат претходно донесените мерки.

„Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани во Република Северна Македонија, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, да го редуцираат излегувањето од своите домови, тоа да го прават само од најнеопходни причини, односно заради одење на своите работни места, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување на намирници и лекови од маркетите и аптеките“ – објави техничкиот премиер Спасовски.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...