Необичен чај со кој ќе заспиете како бебе: ТикТокерка открива ефикасен рецепт против несоница

Loading...

Несоницата е сè почеста појава кај луѓето поради стресот и брзиот начин на живот.
Лицата кои страдаат од несоница не можат долго да заспијат, но и имаат испрекинат сон во текот на ноќта, се будат рано наутро и не се во состојба да продолжат да спијат.
Доколку патите од инсомнија, можеби ќе ве заинтригира новиот трик од ТикТок. Една корисничка по име Шапла објавила видео како припрема чај против несоница и тоа од крајно невообичаена состојка – зелена салата!


Сè што треба да направите е да ставите неколку листови зелена салата во шолја и да ги прелиете со зовриена вода. По желба можете да додадете и ќесичка од омилениот чај за вкусот да биде подобар. Оставете да отстои 10 минути, па отстранете ги листовите салата и ќесичката чај.
„Испијте го чајот и по 20-тина минути ќе почувствувате поспаност“, тврди оваа ТикТокерка.
Зелената салата содржи високо ниво на лактукариум, супстанца за која е докажано дека помага во опуштање и полесно заспивање.

@shapla_11if you can’t sleep, try this ##lettucewater ##insomnia ##lifehacks ##fyp

♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod

Овој напиток навистина би можел да биде од помош“, гласи еден од коментарите под видеото.

loading...
Loading...