Необична состојка со која печениот компир секогаш излегува крцкав и вкусен

Loading...

Нутриционистката Лора Форд од Мелбурн го сподели својот трик на социјалните мрежи како да направите крцкави и вкусни печени компири со помош на една необична состојка – мед.
„Овој печен компир ќе ве направи навистина зависни. Совршена рамнотежа на слатко и солено со крцкави рабови. Едноставно, нема да можете да престанете да го јадете“ напишала Лора во својата објава.
Потребни состојки:
2 kg црвен компир
2 лажици ладно цедено маслиново масло
50 gr путер
вегета
сол
бибер
1-2 лажички мед (Лора користи 1,5 како совршена мерка)
Подготовка:
Во лонец ставете вода и откако ќе зоврие додадете ги компирите. Гответе ги 4-5 минути додека не омекнат, но не мора да бидат готови.
Додека компирот се готви, загрејте ја рерната на 200°C.
На хартија во тава за печење ставете маслиново масло и путер и ставете ги во рерна 2 минути додека путерот не се растопи.
Додадете го исцедениот компир и измешајте го со маслото. Зачинете со вегета, сол и бибер. Осигурајте се дека компирот е рамномерно распореден и не се преклопува.
Печете 30 минути, потоа свртете ги компирите и печете дополнителни 25-30 минути додека не станат крцкави.
Прелијте мед врз компирите додека се топли и украсете со свежа мајчина душица.

loading...
Loading...