Неодлучноста на Мицковски, скапо ќе го чини ВМРО

Loading...

Со неодлучноста за круцијалните прашања во моментот наметнатиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, ја десеткува  партијата. Социјалните медиуми кои заземаат се повеќе од медиумскиот простор луѓето да го искажат јавно своето мислење, истите јавно го омаловажуваат и дискредитираат. Членови на партијата, односно пратеници на своја рака преку социјалните мрежи најавуваат дека нема да гласаат во парламентот за ратификување на Грчкиот договор. Но,тоа не е доволно за Христијан Мицковски да има јасен став. А како и би имал? Прашање е смее ли да има?!
Но затоа нашата твитер заедница во Македонија има став за следните избори.Ако се следат социјалните мрежи индикативно е што првите луге на партијата, кои се обидуваат со соц медиа инжињеринг да ги направат политички фигури, кога ќе споделат свое мислење или млатење празна слама, дури ни во групата на ВМРО на Фејсбук никој не им става лајк или пак ги споделува нивните постови. Зборуваме за официјалната фејсбук страна на ВМРО ДПМНЕ која брои преку 128 000 фанови. Или не чини групата или не чини содржината која ја нудат „лидерите“. Христијан  Мицковски 50 лајка, а Генерален Секретар на Партија 28 лајка, КАЈ НИВ НА ФАН СТРАНА. Па Амди Бајрам има повеќе подржувачи и реакции на фејс бе другари. Ако ова не е распад и сериозна индикација, не би знаеле што е. Дечки пребројте се, ова е страшно а уште повеќе жално за ВМРО. И на некој начин е индикација дека работите не чинат. Но, никој во „Белата палата“ не смее да зуцне. Лидерот е секогаш во право, дури и кога греши нели?

loading...