Неодолива смрзната карамел торта која се топи во уста

Loading...

Совршен спој на чоколадо, млеко, путер, бисквити и сладолед од карамел – што повеќе може да побарате од еден сладок, летен рецепт?
Сепак нагласуваме дека ова е само за љубителите на многу слатки, интензивни вкусови како чоколадо и карамела. Смрзнатата тортичка се топи во устата, несомнено ќе стане вашиот нов, омилен летен рецепт.
Потребни состојки:
400 g бисквити
80 g несолен путер (стопен, па оставен да се олади)
1 шолја (90 g) кокос
Прстофат сол
1,5 l омекнат сладолед од карамел
400 g кондензирано, слатко млеко
200 g темно чоколадо
300 ml слатка павлака
¼ шолја (60 ml) сончогледово масло


Начин на подготовка:
Премачкајте го тавчето со димензии 20×30 cm. Поставете хартија за печење која ќе излегува од рабовите на тавчето.
Ставете ги бисквитите во блендер и фино сомелете ги. Додадете го путерот, кокосот и прстофат сол и повторно блендирајте. Истурете ја смесата во тавчето и цврсто натапкајте ја со дното од чашка.
Истурете го омекнатиот сладолед врз првиот слој, а потоа додадете го кондензираното млеко. Измазнете ја површината со шпатула и ставете ја да се замрзне најмалку 1 час во замрзнувачот.
Стопете го чоколадото на пареа. Додадете ја слатката павлака со постојано мешање додека добро не се соедини. На крајот додадете го сончогледово масло, но полека, додека добро не се соедини. Оставете да се олади чоколадната смеса, а потоа истурете ја врз слојот од сладолед. Оставете добро да се замрзне преку ноќ.
Употребувајќи нож кој сте го поминале под врела вода, исечете парчиња од смрзнатата торта со сладолед од карамел.

loading...