Непознат сој на хепатитис откриен кај 300 деца низ светот

Лекарите го истражуваат мистериозниот пораст на бројот заболени од болест на црниот дроб која прв пат е откриена во Велика Британија. Од Светската здравствена организација соопштија дека е регистриран еден смртен случај.
До први мај најголем број на случаи со хепатитис кај деца е пријавен во Европа, помал е бројот на случаи во Америка, западен Пацифик и југоисточна Азија.


Кај повеќето од децата се регистрирани умерени облици на воспаление на црниот дроб, а кај десет деца била потребна трансплантација. Децата имале симптоми на повраќање и дијареја, проследена со жолтило на кожата или очите.
Нормални облици на хепатитис (А, Б, Ц, Д, Е) не се детектирани ниту кај едно од децата.
Од Светската здравствена организација соопштија дека не се сигурни дали станува збор за повеќе случаи на хепатитис или се работи за идентификувани случаи кои инаку не би биле регистрирани. Научниците веруваат дека обичниот вирус кој се врати по пандемијата може да има некаква улога.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.