НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ ГО ВРАЌА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС: Се чека „амин“ од Владата

Loading...

Владата ќе ја донесе одлуката дали од среда од 22 часот ќе се воведе повторно полициски час.
По речиси десет месеци извесно е дека ќе нема излегување надвор и движење од 22 часот до 5 утрото.
Предлогот е полициски час да има на цела држава, а доаѓа како последица на непочитувањето на мерките за заштита од корона вирусот.
Собирите и групирањата во последните неколку недели доведоа до најмногу инфицирани поради трансмисија на вирусот.
Не се носи заштитна маска, не се држи дистанца и се групираат…се дел од образложенијата на министерот Венко за предлогот да има полициски час.
Комисијата смета дека оваа ригорозна мерка ќе даде резултат, па затоа денеска ќе се чека зелено светло од министрите и владата.

loading...