Нереални сцени во Италија – жестоката бура коси сè пред себе!

Loading...

Силно невреме проследено со град во понеделникот попладне ја погоди северна Италија. Најжестокото невреме ја погоди областа во близина на градот Парма.
Колку невремето било силно, најдобро покажува фактот што поради градот, неколку стотици возила биле оштетени на автопатот меѓу Парма и Пјаченца, и дека патот бил затворен некое време.

Како што може да се забележи на снимките, возачите ги запреле своите автомобили, а на возилата е видлива штетата, пред сè скршените ветробрански стакла.

Силниот ветер, обилните дождови и градот, предизвикале голема материјална штета и во покраините Реџо Емилија и Модена. Таму бурата срушила дрвја, покриви, а некаде имало и поплави.

loading...
Loading...