Несреќа во Македонија: Тринаесетгодишно девојче падна од втор кат

Loading...

Тринаесетгодишно девојче синоќа паднало од балкон на вториот кат од куќа во гостиварска Долна Бањица, информираат од СВР Тетово. При падот, девојчето се здобило со повреди на телото и било пренесено во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Гостивар. Се работи на расчистување на случајот.

loading...