Нестле ги повлекува готовите јадења со говедско од Италија, Шпанија и Франција

Loading...

Компанијата Нестле соопшти дека ги повлекува готовите јадења со тестенина и говедско во Италија, Шпанија и Франција бидејќи во нив е пронајдено коњско месо, јави агенцијата АП.

Во соопштението на најголемиот светски производител на храна и пијалоци се вели дека трагите од коњска ДНК се најдени во готовите јадења што се продаваат под името Buitoni Beef Ravioli, Beef Tortellini и Lasagnes A la Bolognaise Gourmandes.
Нестле соопшти дека говедското месо било набавено од германската компанија ХЈ Шипке(H.J. Schypke).
Аферата со коњско месо веќе извесно време ги потресува пазарите со готови јадења ширум Европа.
Макфакс
Компанијата Нестле соопшти дека ги повлекува готовите јадења со тестенина и говедско во Италиј

loading...