Нетанјаху: Војната продолжува до уништување на Хамас

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас. Средбата Нетанјаху – Блинкен се одржа неколку часа откако Хамас презеде одговорност за денешниот напад во Ерусалим, при што загинаа тројца Израелци.

Ова се најмрзливите хороскопски знаци
Некои луѓе едноставно сакаат мирен ритам и не сакаат премногу брзање во животот. Често уживаат во релаксација, без прекумерни обврски и напори. Тие претпочитаат бавен пристап кон …
Драстична казна за легендарната македонска ракометарка поради скандалот со автоголови!
Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале …

– Ова е истиот Хамас. Тоа е истиот Хамас што го изврши ужасниот масакр на 7 октомври, истиот Хамас што се обидува да не убие насекаде, му рекол Нетанјаху на Блинкен.

Нетанјаху наведува дека на Блинкен му кажал и дека Израел и тој се заколнале оти ќе го уништат Хамас.

– Ништо нема да не спречи … Војната во Газа ќе продолжи сè додека Израел не ги ослободи сите свои заложници, не го победи Хамас и не гарантира дека никогаш повеќе нема да има слична закана од Газа, истакна Нетанјаху.

Блинкен, како што соопшти Стејт департментот, упати апел Израел да ги преземе сите мерки за заштита на цивилите во јужниот дел на Појасот Газа.

Блинкен го истакна императивот да се земат предвид потребите за хуманитарна и цивилна заштита во јужниот дел на Газа пред какви било воени операции таму, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.