Нејзиниот татко сакал син, па ја полеал со киселина како бебе: Вака денес изгледа животот на оваа несреќна девојка

Живее во Мумбај, во западна Индија, каде собира средства за реконструктивна хирургија и води Фондација за жртви од напад на киселина, која досега посредувала во вработувањето на 20 жртви.
Анмол Родригез била обележена за цел живот кога имала само два месеци. Додека нејзината мајка ја држела во скут, таткото двете ги полеал со киселина. Мајката ја убил, а детето го осакатил.
23-години подоцна Анмол не само што ги надминала психичките проблеми, туку и станала инспирација за многу жени со слична судбина.
Живее во Мумбај, во западна Индија, каде собрала средства за реконструктивна хирургија и ја води Фондацијата за жртви од напад на киселина “Сахас”, која досега посредувала во вработувањето на 20 жртви.


“Го сакам својот живот таков како што е. Ниеднаш не почувствував дека се разликувам. Можеби затоа што, откако знам за себе, имам само едно око и изгорена кожа”, вели таа.
Анмол вели дека фактот што се прифатила себе и помогнал да ја зачува надежта и самодовербата.
Кога нејзината мајка умрела, пет долги години се лечела во болница, а лекарите и сестрите се грижеле за трошоците.
“Кога состојбата малку ми се поправи, ме дадоа во дом за деца без родители, каде ми пружаа само љубов и разбирање”, вели таа.
Иако признава дека другите деца на почетокот се плашеле од нејзиниот изглед, вели дека со време сосема ја прифатиле и дека стекнала бројни пријатели.
Животот надвор од домот сепак бил тежок.
Анмол била одличен студент, но ручала сама и немала со кого да зборува.
“На девојките им беше чудно што сакам мода и следам трендови. Ме гледаа и ме прашуваа што се случило со моето лице”, вели таа.
Откако пред две години завршила колеџ, го напуштила домот и изнајмила стан.
Идеите за сценографија на шоу-програми и носат заработка од 130 евра месечно – дел од тие пари ги троши на гардероба, а остатокот ги вложува во фондацијата.
Соработува со други жени лидери на компании и политичар за да вработи жени кои доживеале слична судбина како и таа.

 

View this post on Instagram

 

Delhi vibes 💫🌟

A post shared by I.Am.Priceless (@anmol_rodriguez_official) on


Сакала да стане одел, а веќе добила понуда од двајца креатори за да го рекламира нивниот накит на Инстаграм.
“Се надевам ќе инспирирам други жени жртви на напад со киселина да не го кријат лицето под вел, туку да веруваат во себе и гордо да чекорат низ животот. Киселината може да ја промени нашата надворешност, но не и нашата душа. Од внатре сме и натаму истите личности и треба да се прифатиме себеси какви што сме и да живееме среќно”, вели таа.