Не ги занемарувајте, прегратките се еден од најдобрите подароци од оние кои ги сакате

Loading...

Прегратката е еден од најдобрите подароци кои можеме да ги добиеме од друга личност.
Според едно неодамнешно истражување во кое биле вклучени околу 400 возрасни личности, прегратките се најдобриот дел од нашите денови. Истражувањето било спроведено телефонски, и тоа секоја вечер во текот на 2 недели. На секоја личност и биле поставени повеќе прашања, меѓу кои и за нејзиното расположение, но и однос со другите и поддршката од своите блиски.


Според резултатите, оние кои имале проблеми или некаква кавга во текот на денот а добиле прегратка од своите блиски, пријавувале помалку негативни чувства, а повеќе позитивни без оглед на тоа што им се случувало.
Истражувачите кои го спровеле истражувањето посочуваат дека физичкиот добри може да потикне позитивни физиолошки промени, како намалување на стресните активности на мозокот и срцето, како и лачење окситоцин, хормон кој е поврзан со блискоста и љубовта.

loading...