Не ги промени старите навики: Мајката на Меган живее сосема нормален живот, еве што единствено и забрани кралското семејство да прави

Loading...

Да не го запознаеше принцот на бел коњ, Меган Маркл најверојатно би била уште една холивудска ѕвезда во Б категоријата, а за нејзиното семејство речиси никој светски медиум немаше да се интересира.
Но, со самото венчање на Меган за принцот Хари, очите на целиот свет постојано се вперени во семејството на Меган, особено нејзината мајка не може да излезе од дома без да има армија папараци во нејзина близина.


По спектакуларната венчавка, мајката на Меган, Дорија Рагланд им се врати на секојдневните активности во Лос Анџелес, нема нов дом, ниту пак обезбедување околу себе.
Таа не заборави ниту на старите пријатели, а единствен луксуз кој си го дозволи самата на себе е напуштањето од клиниката за ментални болести каде била вработена како социјален работник.
-Таа непрестанато им помага на сите, обожува пржени компири и колач од лимон. Ако негде се слушне песната „Call me“ во исто време започнува да танцува и да ракоплеска со рацете, ова е мојата мајка, рече во една своја прилика Меган за својата мајка.

loading...
Loading...