Не го пушташе шишето од рака и дигаше нозе во сепарето: Вака лудуваше пејачката Ана Николиќ на прославата на 41-от роденден (ВИДЕО)

Loading...

Пејачката Ана Николиќ завчера го прослави својот 41 роденден во еден белградски ресторан, каде до рано утро лумпуваше со своите пријатели. Поп-ѕвездата толку се опуштила што се фрлала по сепарето, го кревала фустанот, а сето тоа го објави и на Инстаграм.
Имено, Ана со група жени пристигнала во ресторанот пред полноќ одлично расположена, а потоа почнале да пристигнуваат и останатите гости кои дошле на својата другарка да и посакаат се најубаво. Иако била планирана интимна журка атмосферата зоврела.
Ана носела долг црн фустан со длабоки шлицеви, кои достигале безмалку до препоните. Нејзините пријатели цело време снимале како пејачката дига нозе во сепарето покажувајќи колку ослабела и дека повторно е топ-риба, изјавува изворот кој се нашол на лице место.
Од снимките, исто така се гледа дека мајка и, Милијана Николиќ била шокирана од нејзиното однесување.
– Кога Ана ги подподигна нозете Милијана со раката направи потег кој симулира дека и треба воспитна по главата, наведува изворот. Но, Ана не обрна внимание на превртувањето со очите на својата мајка и продолжи да се дружи со виното.

loading...