Не е за оние со слабо срце: Ако се осмелите да пливате во овој базен, вие заслужувате награда

Loading...

Еден турски архитект дизајнирал хотел кој ѝ пркоси на гравитацијата. Хотелот е дизајниран за да “виси” од работ на една карпа во Норвешка, но тоа не е најстрашниот детаљ. Во понудата е вклучен и базен со стаклено дно.
Хотелот кој дефинитивно не е за оние со слабо срце, треба да биде вграден во Преикестолен, карпа во јужна Норвешка која станала популарна туристичка атракција.


Хајри Атак го дизајнирал предложениот концепт на хотелот со базен со провидно дно кој стои закачен за карпата. Објектот кој сè уште не добил дозвола за градба, би имал поглед кон фјордот Лисефјорден.
Во склоп на хотелот би се наоѓала голема платформа која ќе се издигнува од врвот на карпата над трите катови со соби за гостите – сите со испакнати балкони. Над овие катови би се наоѓал и самиот базен, кој на пливачите би им овозможил магичен поглед кон фјордот и под него.

loading...
Loading...