Не е јасно како Груевски избегал преку Албанија?

Груевски избегал преку Албанија. Ова е од денеска и официјално потврдено од нивна страна. Никола Груевски на 11.11.2018 година во 19 часот и 11 минути ја напуштил Албанија на граничниот премин „Хани Хоти“. Тој бил патник во возилото со регистарски таблички CD1013A, сопственост на Унгарската амбасада во Тирана. Што индицира дека бегството е договарано детално со прецизна рута и луѓе кои ќе се најдат на испомош. 
Груевски потоа заминал кон Црна Гора во неделата вечерта, два дена пред за него да биде распишана меѓународна потерница преку Интерпол. Не е познатоа каде бил од 9 ноември па се до 11 ноември.
Некои медиуи јавуваат дека тој во Албанија влегол илегално. Некои пак спротивно на ова јавуваат дека за него немало потерница и тој тогаш легално ги минувал границите.
Министерот за внатрешни Оливер Спасовски тврди дека Груевски нелегално ги минувал границите. Како е тоа можно никој не објаснува. Како и да е, сите знаеме дека Груевски е веќе во Будимпешта. Времето ќе покаже дали ова не е договорена работа со сметка која ќе биде висока ама за други лица!?

Loading...