НЕ ИГНОРИРАЈТЕ: Ова се пет знаци дека сте во врска со насилник

Loading...

За многу жени најголем кошмар претставува љубовна врска со насилни мажи.
Како да дознаете дали вашиот партнер е насилник? Еве неколку знаци кои може да ве алармираат за овој проблем:
Покажува знаци на љубомора
Љубомората е природна емоција и чувство на блага завист не е предмет за сериозна загриженост. Од друга страна, кај некои луѓе љубомората е на многу повисоко ниво, па тие не сакаат нивните партнери да зборуваат или комуницираат со други луѓе, вклучувајќи ги понекогаш и членовите на нивното семејството. Овој тип на луѓе покажува знаци на агресија и посесивност, а имаат тенденција да ги обвинуваат своите партнери дека се лажговци или измамници. Тие се караат за најмали ситници и постојано ги контролираат и следат своите партнери.


Манипулација
Насилниците се луѓе кои совршено ја совладале вештината на манипулацијата. Со други зборови, секогаш вие ќе бидете виновни бидејќи тие го изгубиле трпението. Наместо да ги признаат своите недостатоци и да направат напор да се променат, тие ќе ја префрлат одговорноста на вас. Најчесто ваквиот тип на луѓе се во врска со срамежливи луѓе со ниска самодоверба, бидејќи најлесно можат да влијаат врз нивното мислење. Луѓето со силен карактер имаат поголема шанса да им возвратат и не потпаѓаат под нивната манипулација.
Често користат навредливи зборови
Силеџиите се луѓе кои немаат почитување за другите луѓе. Всушност, честите навреди се огромен знак за аларм дека сте во врска со насилници. Во повеќето случаи, партнерот секогаш е служи како предмет за потсмевање и презир. Агресивните партнери често се многу вулгарни, иако на почетокот се претставуваат како љубезни и воспитани.


Прекумерна контрола
Бегајте од луѓе кои се фрикови за контрола, бидејќи тие никогаш нема да бидат среќни. Личностите кои сакаат да контролираат се, често знаат да бидат насилни кога работите не се одвиваат онака како што тие планирале. Во таквите врски, само тие имаат право на збор и одлучување, додека нивните партнери се „безгласна буква“ во целата приказна.
Историја на насилство
Ако вашиот партнер има историја на насилно однесување, секогаш бидете внимателни. Луѓето се во состојба да се променат и нема ништо лошо да се даде втора шанса на оној кој ја заслужува. Сепак, дури и при најмалиот знак на агресија веднаш прекинете ја врската, бидејќи најчесто насилниците остануваат насилници цел живот. Знаете како велат „волкот го менува крзното, но не и карактерот“.

loading...