Не сакам да се враќам на минатото, важно е да гледаме напред

Loading...

Познатиот музичар Коки Јанков, кој се прослави со дуото „Дуле и Коки“ конечно се огласи за разидувањето со неговата сопруга Росана која е портпарол во АМСМ. На прашањето на новинарите од естрадниот магазин „Ексклузив“ зошто се разведува по десет години брак, Коки им одговори: Не сакам да се враќам на минатото, важно е да гледаме напред. Овој живот е за храбрите, не е за плачковци.
Јанков во телефонски разговор за „Ексклузив“ ја потврди и информацијата дека веќе неколку месеци е во врска со адвокатката Маја Парговска, која наводно, е и негова поранешна девојка.

 

loading...