Не се мешаме во работите на Грција околу името на Македонија, изјави Грушко

Loading...

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко изјави дека Москва не се меша во внатрешните работи на Атина во ситуацијата поврзана со името Македонија, но ќе продолжи да го искажува мислењето по тоа прашање, бидејќи тоа е во надлежност на Советот за безбедност на Обединетите нации.
– Ние на никаков начин не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но по прашањата кои спаѓаат во надлежност на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе го изразува сопственото мислење“, изјави тој – пренесе ТАСС.
Грушко додал дека коментарот на руското МНР со кој се осудува одлуката на македонскиот Парламент да го промени Уставот заради промена на името на земјата претставува суштинска оценка за тоа „како течеле преговорите и под чиј меѓународен притисок, како и за мешањето без преседан кој го покажал Западот во постигнување на потполно јасни геополитички цели“.
Грчкото МНР во реакцијата по соопштението на руското МНР во однос на Договорот од Преспа, соопшти дека тој уште од потпишувањето придонесува во зајакнувањето на мирот и стабилноста на Балканот, дополнувајќи дека е и меѓународно признат модел за решавање на разликите меѓу две независни суверени држави под покровителство на ОН, без мешање на трети страни.
Со своја реакција во врска со усвојувањето на уставните измени што произлегуваат од Договорот од Преспа вчера излезе и македонското МНР напоменувајќи дека овој Договор не само што не задира во интереси на трети страни, туку суштински придонесува за регионалната стабилност.

 

loading...