Не се пече, а готова е за 15 минути: Торта со плазма бисквити и крем банани

Loading...

Ова слатко задоволство децата го обожуваат, бидејќи во него има крем банани и шарени желе коцки.
Состојки:
300 гр скршени плазма бисквити
300 гр мелени плазма бисквити
200 гр сецкани крем банани
100 гр сечкани ореви
100 гр мелени ореви
6 дл сок од портокал
250 гр путер или маргарин
100 гр шеќер во прав
250 мл слатка павлака или 250 гр шлаг
200 гр желе бонбони
Подготовка:
Во сад измешајте ја скршената и мелената плазма, крем бананите, сечканите и мелени ореви и желе бонбоните.
Сè прелијте со сок од портокал и убаво измешајте. Изматете го маргаринот и шеќерот во прав. Соединете го изматениот маргарин со бисквитите. Добро соединете ја смесата и обликувајте по желба во сад за сервирање.
Оставете малку да се зацврсти во фрижидер, па врз смесата додадете шлаг и декорирајте по желба.
На здравје!

loading...
Loading...