Освен во кујната, сенфот може да го користите и на друг начин. Сенфот ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и помага при отежнато голтање.
Кога ќе се изгорите, нанесете подебел слој и болката ќе исчезне.
Ако ве боли глава, намачкајте на челото и слепоочниците.
Овој вкусен зачин се прави од лековити билки и зачини со додаток на вода и оцет
Кога сте настинати и ве гребе грлото, голтнете лажичка сенф.
Може да направите и напиток ако помешате сенф со сок од лимон, лажичка сол, мед и сето ова да го измешате со половина чаша топла вода. Почекајте да се олади, па направете гаргара.
Кога имате температура, две лажички сенф помешајте со лажичка морска сол и истурете во када со топла вода. Опуштете се во топла купка 20 минути, а потоа истуширајте се.