Пишува Амар Мециновиќ на социјалните мрежи:
ЗА ЗНАМЕТО, уште една работа: постои само ЕДНО национално знаме за граѓаните на Република Македонија, а тоа е македонското официјално знаме.
Не, не сте трпеливи и не ви се широки хоризонтите ако ги изедначувате сите етнички групи и нивните обележја на ниво на нации во склоп на една држава, туку сте крајно РЕГРЕСИВНИ и, извинете – ГЛУПИ.
Модерната нација-држава треба да е интегративна, и да ги содржи сите составни елементи во општеството. Но, како такви – како составни елементи, а не напоредни нации.
Ако сакате прогресивност, и надминување на спрегите на класите и кастите – НЕ СЕ ВРАЌАЈТЕ ПРЕД ФРАНЦУСКАТА РЕВОЛУЦИЈА ВО УМОВИТЕ, О ЗАЛУТАНО ГРАЃАНСТВО.