Не успеа формирањето технократска влада во Тунис

Loading...

Премиерот на Тунис, Хамади Џебали изјави во понеделникот по локално време дека не постигнал успех во формирањето на технократската влада, но одбил да поднесе оставка нагласувајќи дека сѐ уште постои можност од компромис.

 
„Утре (вторник) ќе разговарам со претседателот (Монсеф Мразуки)”, додал тунискиот премиер Хамади Џебали.
Џебали најавил во петок нови консултации по сопствена иницијатива и така на недоредено време го одложи формирањето на владата, со што се продолжува политичката криза во земјата. Рекол дека ќе поднесе оставка доколку не успее да го договори формирањето на новата влада.
Во Тунис коалицијата на секуларистите и левицата и исламистите од Енахде, со месеци не успеваат да се договорат за распределбата на главните министерски портфељи Новите избори не можат да се одржат пред донесувањето на уставот чијашто подготовка со месеци наназад е блокирана поради отсуството на договор во Уставотворното собрание формирано во октомври 2011 година.
Тунис од летото 2012 година го потресуваат политичкото и социјалното насилство, коешто ги поттикнува стравувањата од дестабилизација на земјата две години по револуцијата со којшто беше соборен долгогодишниот режим на Зине ал-Абидине вен Али со што всушност започна ткн Арапската пролет.
Макфакс
Премиерот на Тунис, Хамади Џебали изјави во понеделникот по локално време дека не постигнал ус

loading...