Не у Еу, како мото за протест пред Влада. Пандов ќе протестира #НеУеу

Премиерот е насловен како ќурка во постот на Пандов со кој се повикува на протест утре вечер пред Владата.

Таче е ЌУРКА, а макрон (со мала буква) западногерманец:

Таче, ќурко предавничка. Пошто не повикуваш на ,,консултации”, еве ме мене утревечер (02.07) во 19 часот пред влада да поразговараме за бугарскиот предлог поднесен од западногерманецот макрон.
Мицквоски и Пандов

Блискиот соработник на Мицковски денеска со статус, кој што го пренесуваме во целост (полн со граматички грешки) повика на протест. Мошне видлив е хаштагот Не у ЕУ, каде што Европската Унија е претставена со мали букви. Дали се случајни грешките или намерни за да се добие навредлива конотација не знаеме.

Таче, ќурко предавничка. Пошто не повикуваш на ,,консултации”, еве ме мене утревечер (02.07) во 19 часот пред влада да поразговараме за бугарскиот предлог поднесен од западногерманецот макрон. Ако немаш муда сам да дојдеш, земи си ги и маричиќ и османи. Ма ако сакаш дојди и со арбр и оној што ќе ни крши раце и нозе, а ти е државен секретар. Јас со син ми Столе ќе дојдам, а верувам и огромен број од Македонскиот народ ќе дојде да ни ја гледа дебатата во живо. Се гледаме во 19ч пред влада!

#НеУеу

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.