Не фали ме во очи, не ме оговарај зад грб – вредни руски поговорки

Loading...

Со скапата капа нема да ја скриеш сиромаштијата во твојата глава.
Полесно е кавгата да ја избегнеш, отколку да ја завршиш.
Ако одиш брзо ќе наидеш на неволја, ако одиш споро, неволјата тебе ќе те стигне.
Не фали ме во очи, не ме оговарај зад грб.
Човекот не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.
Кој го навредува небото, нема кому да се моли.
Бргу се сушат солзите за туѓата болка.
Среќата е како грозница: кого сака, него го напаѓа.
Човековата злоба секогаш доаѓа од немоќ.
Тајната на човекот не е во тоа да живее, туку зошто живее.
Висината на културата се одредува според односот кон жената.
Само солзите во срцето знаат за голема болка, но не и солзите во очите!
Девојките мислат на брак, омажените мислат на љубов.
Двајца можат повеќе од еден, но еден може повеќе од десеторица.
Најдобро патува оној кој знае каде треба да помине.
Детето е како тесто: како си го замесил, така ќе порасне.
Никогаш не умира само оној човек кој зад себе остава деца!
Љубезниот збор е како пролетен ден.
Пријателот ќе се сложи со тебе, но вистинскиот пријател ќе се расправа со тебе.
Стави на јадица пофалби, па ќе уловиш будали.
Многу да знаеш, значи предвреме да остариш.
Додека парите зборуваат, вистината молчи.
Сиромаштијата е грев кој богатите никогаш не го простуваат.
Од својот труд ќе бидеш сит, но не и богат.
Биди уверен дека си во право, па потоа оди напред.
Долго чека оној кој нестрпливо чека.
Стравот е првиот помошник на непријателот.
Кога мажот пие, половина куќа гори; кога жената пие, гори цела куќа.
Богаташот во тепачка настојува да го зачува лицето, сиромавиот капутот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...