Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк

Loading...

Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц и тој ги штити здравјето и имунолошкиот систем, а тоа е клучно за вас во овој период на владеење на коронавирусот. Но, кората од лимонот најчесто ја фрлате, а таа може да ви биде од голема корист при подготвувањето на некои јадења.
Не фрлајте ја кората од лимонот: Искористете ја во овие јадења за да добиете вкусен оброк
Тестенини
Кората од лимон и тестенините може да се комбинираат. Кората можете да ја додадете во сè, од сос за шпагети до морска храна.
Најважно е да ја додадете кората од лимонот на крајот за да го направите вкусот попрепознатлив. Дури можете и да ја изрендате врз секој оброк, слично како пармезанот.


Колачи
Малку кора од лимон може да го дополни вкусот на тортата. Исто како и солта, само малку кора од лимон ќе ви даде уникатен вкус.
Дури и ако не пишува во рецептот, можете да додадете лажица или две кора од лимон, од лимета или од портокал во речиси секој сладок леб, во мафините и во бисквитите.
Сос
Освен во сос, кората од лимон може да ја додадете и во домашниот или во купечкиот мајонез за подобрување на веќе богатиот вкус. Исто така, кората можете да ја додадете во различни сосови кога готвите јадења како што се пилешко или морска храна.
Насоки за рендање на кората од лимон:
Лимонот треба да биде добро измиен и избришете го пред да започнете да ја рендате кората. Ако ви требаат и кората и сокот од лимонот, прво изрендајте ја кората, па исцедете го лимонот. За да ја избегнете горчината, не рендајте го белиот, внатрешен дел од кората и задржете се само на жолтиот, површински слој. Откако ќе го направите тоа, можете да го подготвите омиленото јадење.

loading...