Не ја фрлајте водата во која варите јајца, ќе ви биде од помош за нешто важно во домот

Можеби не сте го знаеле, но се работи за одличен трик благодарение на кој ќе ја подобрите грижата за собните цвеќиња.
Следниот пат кога ќе варите јајца, не ја фрлајте водата. Наместо тоа, оставете ја да се излади и со неа полејте ги вашите домашни собни растенија.
Калциумот во неа помага во одржување на добрата ПХ-вредност на земјата во која се засадени билките.


Исто така, тој придонесува и лисјата и стеблата да бидат цврсти и свежи.
Ако забележите дека на рабовите на лисјата се појавуваат жолти или кафеави дамки, тоа е знак дека вашето растение има недостаток од калциум.