Нивоата на природните езера повисоки од просечните

Нивоата на трите природни езера во земјава се повисоки од просекот за мај, но водостојот на Преспанското Езеро на мерното место кај Наколец е за 3,34 метри пониско од „0“ точка.
Дојранското Езеро, пак, е за 2,45 метри повисоко од нултата точка, а Охридското за 81 сантиметар.
Водостоите на речиси сите реки во земјава се под повеќегодишниот просек за мај, а исклучок се Вардар на мерното место кај Демир Капија, и Пчиња кај Катлановска Бања.