Нигерискиот селектор ја повлече оставката

Loading...

 Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Стивен Кеши, ја повлече оставката и ги продолжил преговорите со Фудбалскиот сојуз на Нигерија, околу продолжување на договорот.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија, Стивен Кеши, ја повлече оставката и ги продолжил преговорите со Фудбалскиот сојуз на Нигерија, околу продолжување на договорот.„Размислив, ја разгледав својата положба и решив да продолжам со работата“, изјави Кеши. Репрезентацијата на Нигерија во неделата со победата над Буркина Фасо со 1:0 ја освои титулата шампион на Африка. Контитенталниот трофеј е трет во историјата на Нигерија, прв по пауза од 19 години. Кеши во понеделникот за медиумите изјави дека сакал да поднесе оставка, бидејќи им бил лут на челните луѓе во Сојузот, кои му се заканиле со отказ непосредно пред четврт финалниот натпревар со Брегот на Слонова коска.

 Макфакс Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигери

loading...
Loading...