Никогаш не ги стискајте акните и не ги депилирајте влакната на ова место од лицето, последиците може да бидат сериозни

Loading...

Поради начинот на снабдување на крв од носот и областа околу носот, можно е, но многу ретко, инфекцијата од носот да се прошири и на мозокот, да предизвика тромбоза, менингитис или пак воспаление на мозокот.
Тоа е можно поради венската комуникација, објаснува д-р и специјалист за пластична, реконструкциска и естетска хирургија од Загреб.
Чувствителното место на лицето се вика “триаголник на смртта“, а ги опфаќа горната усна, местото меѓу усната и носот, носот и делот на челото кој се наоѓа над коренот на носот. Тоа е поврзано со крвните садови за деловите на черепот каде што инфекциите многу брзо се шират. Најчестата причина за инфекција е бактеријата Staphylococcus.


Во случај на инфекција, многу е важно што поскоро да почнете со лечење со антибиотици за инфекцијата да не се прошири и сериозно да го загрози вашиот живот.
Кожата на лицето е полна со бактерии, но во исто време нè штити од сите бактерии и не дозволува да влезат во нашето тело. Но, кога кожата е оштетена, а тоа се случува и кога ги стискате акните или пак ги депилирате влакната на носот, тогаш патот за овие бактерии е слободен и лесно може да дојде до инфекција, понекогаш со сериозни последици.
Доколку забележите длабока дупка или циста под кожата на лицето на местото „триаголник на смртта“, тогаш не би било лошо да посетите доктор и да се посоветувате со него.

loading...