Никогаш не правете го за децата тоа што тие можат сами да го направат!

Д-р Џордан Б. Питерсон е клинички психолог и професор при Универзитетот во Торонто. Тој има интересен поглед кон воспитувањето деца што без сомнение ќе ве замисли. Како татко, но и психолог, тој може да сподели една сосема поинаква перспектива на родителството и придобивките што доаѓаат со неа. Прочитајте ја неговата изјава во продолжение!
Постои едно правило до кое постојано се обидував да се држам додека децата ми беа мали, а тоа гласеше: Не прави го тоа што детето може да го направи само. Тоа правило е доста тешко, бидејќи потребни ни се 15 секунди да облечеме двегодишник, додека пак ако го пуштите сам да се облече – тоа ќе трае 15 или 30 минути, додека го бркате низ домот… хаос!
Но, ако им дозволите да научат сами да се облечат, вие никогаш повторно нема да треба да ги облакате. Тие ќе знаат да го прават тоа сами. Истото важи и за поставувањето на масата и за сè друго што сметате дека децата можат да го направат сами.


Кога родителот размислува: „Јас толку многу го сакам своето дете за да го мачам, па ќе правам сè наместо него“, тој родител не се грижи за своите дете. Подобро е да го усвоите ставот: „Ќе престанам да правам што повеќе работи можам за тебе, што порано.“
Истото важи и за старите во вашиот живот. Не правете ништо што тие самите можат, бидејќи на тој начин им го кратите чувството на независност, сила, смисла… Истото е и во светот на бизнисот, доколку сте добар менаџер, ќе им дадете на другите автономија да ја работат својата работа, наместо вие да ја работите наместо нив.


Доколку мислите дека ги штитите децата така што преземате се, вие само штета правите. Едноставно не можете да ги заштитите од животот, тие мора сами да ја зајакнат. И тоа е тоа. Не можете да ги заштитите, да ги направите силни и потоа тие сами да се чуваат. Така вие веќе нема да им бидете потребни. Но, ова е потсвесен патолошки елемент на некои родители. На овој начин вие им велите: „Никогаш немој да ме напуштиш и јас ќе направам сè за тебе.“
На тој начин детето не учи ништо за животот, па ни како да излезе од родителското гнездо. Секако дека треба целосно да се грижиме за новороденчињата и бебињата. Но, кога децата ќе потпораснат, ако продолжите да ги третирате како бебиња, вие ги уништувате.

Loading...