Никола Груевски не се појави во Апелација

Никола Груевски, осуден на две години затвор за нарачка на луксузен „мерцедес“ од пари на полицијата, не дојде денеска во Апелациониот суд Скопје.Тој ја испочитува процедурата и се појави во Основниот Суд Скопје 1 за насислството во Центар . Тој е обврзан да се појави на рочиште во основниот Суд Скопје  на судска покана, додоека во Апелација нема таква обврска .
Од затворот во Идризово беше спроведен Ѓоко Поповски од МВР, осуден на шест години затвор за спроведување на местениот тендер, по нарачка на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска кој заврши со најголема казна до сега во целиот случај.Гордана Јанкуловска која беше еден од најблиските соработници исто така нема да биде иземена од обвинението иако имаше одложувања поради нејзината бременост во изминатиот период .Но и таа се враќа во обвинителната клупа.


Расправата се одложи за утре, зашто сите адвокати на Груевски истовремено беа на рочиштето за насилствата во Центар кои беа закажани во исто време.

Loading...