Николиќ не престанува да изненадува, a овој пат своето витко тело го сонча на плажите во Турција!

Loading...

Пејачката Ана Николиќ моментално ужива на одмор со својата ќерка Тара, во луксузно летно одморалиште во Турција.
Имено, Ана им се обрати на своите обожаватели додека беше на плажа, и ја покажа својата фигура во тигрест костим за капење.
Инаку, Ана еднаш призна дека имала 105 килограми и дека изгубила повеќе од 50, а сега го покажа и затегнатото тело.
„Да, мојата тежина е тема број еден во последните три или четири години. Претпоставувам дека припаѓам на онаа група на луѓе кои го носат тој крст дека сè е интересно што е поврзано со нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Искрено, не сум многу среќна поради тоа, добро е за мојата работа, но приватно многу ме нервира. Би сакала да бев невидлива во одреден момент. Тежината, па тежината. Прво беше зошто си дебела, сега не е во ред што сум слаба. Ништо никогаш не е добро. Како ослабев? Со намалување на внесот на калории за седумдесет проценти, јадам сè, но во многу мали количини. Тренирам многу, скоро секој ден. Пијам апчиња за слабеење, тоа е единствениот начин и единствената вистина за слабеењето. Најпрво, одлуката во мојата глава, бидејќи ми требаше многу време да се одлучам. Кога решив и пресеков, тогаш сè тргна по својот пат. Не беше лесно да се отстрани една цела јас, но сето тоа е прашање на одлука“ – изјави Ана во емисијата „Амиџи шоу“.

loading...