Николовски ги обвини за криминал голем дел од поранешните владини функционери на Груевски

Вечерва после исклучувањата кои беа спроведени од Мицковски и Николовски вториот излезе на прес конференција. Тој со посебен жар ги поврза Заев и Мијалков. И им ја честита коалицијата.
Притоа беше изречена мошне интересна формулација: организирана група им се заканувала на пратениците… нудела пари… сетоа тоа за да ги зачува своите стекнати привилегии. Како и судски да не одговара во договор со Заев…
Дали е ова признание дека ВМРО-ДПМНЕ работело криминално во стекнување на привилегии? Понатака Николовски најави и други исклучувања. Денешните исклучувања биле само почеток. 

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.