Николовски направил 130 операции во ординацијата што работела на “диво“

Ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија „Др-сци Митаноски“ работела на „диво“ и бидејќи немала простор, опрема и кадар досега требало да биде затворена. Носителот на дејност др. Митаноски се пензионирал во 2012 година и немал валидна лиценца за работа, односно не ја обновил како што потврдија од Лекарската комора.
Во оваа ординација д-р Звонко Николовски направил дури 130 операции каде што изнајмувал сала, инструмени и медицинска сестра од 2009 година до сега кога склучил договор со ординација иако работела на „диво“. Ова го констатирал ДСЗИ од каде велат дека ќе бараат од Министерството за здравство да им ги одземе дозволите за работа на двете ординации ПЗУ „Јанита“ и „Др-сци Митаноски“. ДСЗИ досието за овој случај ќе го испратат до Основното јавно обвинителство.
Извор: ТВ Нова

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.