Никој не кажува кои 17 ДОМАЌИНСТВА ТРОШАТ 10 ОТСТО ОД ЦЕЛАТА СТРУЈА???

Прво не е јасно како е тоа воопшто возможно. Второ не се кажува за колкава количина на струја на месечно ниво се работи. Но, најважно од се, како последица на ова ќе имаме нов тарифник за струја за домаќинствата и последиците ќе ги трпат сите.

Македонија и според ова останува земја на апсурди…

Речиси 330 милиони киловат часови годишно, или околу 28 милиони киловат – часови месечно струја трошат 17 домаќинства во земјава. За што се се троши 10 проценти од вкупната потрошувачка за домаќинствата или приближно 30 % од домашното производство од хидроелектраните на ЕСМ, никој од надлежните не открива.

Регулаторна го крои новиот тарифник, оние семејства кои трошат енормно многу струја ќе ја плаќаат по цена ближу пазарната. Засега не се прецизираа која ќе биде границата на потрошена струја над која цената потоа би била поскапа. Евтината тарифа навечер и во неделите нема да се чепка кај високата тарифа се размислува за поделба во 3 или 4 блокови. 

Но и за ова тврдење на Села, како и за се друго денеска нема никаква информација…

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.