Нина Ангеловска министер за финансии, Хисен Џамаили министер задолжен за домашни инвестиции

Loading...

Собранието попладнево во рамки на 110-та седница со 64 гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.


По изборот на Нина Ангеловска и Хисен Џамаили за нови министри, седницата продолжи со точката за избор на тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.
За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

loading...