Нина Групер ги пакува куферите за Србија, ќе биде директор на онлајн платформата Ананас

Пари дознава дека поранешната министерка за финансии и основач на платформата Групер, заминува на печалба во Србија, и тоа не било каде туку во фирмата на Мирослав Мишковиќ.

Нина Групер ги пакува куферите за Србија, ќе биде директор на онлајн платформата Ананас

Нина Ангеловска, иако беше министерка за финансии, во јавноста ќе остане запаметена како Нина Групер. Не е ни чудо, ако се земе предвид дека таа е основач на македонската компанија „Групер“ – прва платформа за пазарење со попусти, која постигна огромен успех. Всушност, ако се погледа наназад, компанијата „Групер“ е основана во време кога во Македонија и не беше многу развиено онлајн купувањето, па тоа што успеа да го направи Нина Ангеловска е и своевидна школа за онлајн трговијата во државава.

Како што дознава порталот „Пари“, Нина Ангеловска веќе се пакува за нов професионален предизвик и тоа во соседна Србија. Таму ќе работи во Ананас – платформа за онлајн тргување, а нејзината функција ќе биде директор за интернационален бизнис развој.

На 28 јануари, Делта холдинг го објави отворањето на платформата за онлајн трговија Ананас.

„Делта интензивно развива платформа за е-трговија наречена Ананас, која ќе биде активна веќе во првата половина од оваа година. Ќе се карактеризира со исклучително голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи, но и целосно ново корисничко искуство. Инвестицијата во Ананас во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра. Со финансиската сила и инвестициското искуство што ги има Делта, уверени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во онлајн трговијата. Ананас ќе им понуди на корисниците нешто на што не се навикнати во домашната трговија, а што го имаат само најголемите светски трговци на мало како Amazon или AliExpress. На самиот почеток ќе го покриеме пазарот на Србија, но со намера наскоро да бидеме присутни на пазарите во поранешна Југославија, плус Албанија“, соопшти компанијата.

Според ова соопштение., Нина Ангеловска веројатно ќе работи и на воведување на платформата во Македонија.

На 16-ти февруари минатата година, Ангеловска објави дека Групер станува дел од полската групација Asseco SEE.

Пред 10 години, на плоштад, на студ и снег, балонот на топол воздух кој го изнајмивме се бореше со ветрот да се исправи со цел да ја пренесе пораката дека се лансира нешто големо и ново на нашиот пазар.

„Имав 22 години кога со цело срце и енергија со двајцата партнери тргнавме на претприемачкиот пат… Ја лансиравме првата платформа за групни попусти во Македонија во време кога е-трговијата речиси и да не постоеше, картичките се користеа многу малку, социјалните медиуми беа во зародиш, а малите компаниите речиси и да не користеа дигитални алатки и немаа онлајн присуство“, напиша тогаш Нина на својот фејсбук профил.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.