Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

НИ ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: Подгответе се за минусни температури и до -11 степени, еве ги деталите за наредните денови
‹‹ Претходна вест
Loading...
loading...