Ни се заканува туберкулоза отпорна на сите лекови

Loading...

Медицински стручњаци предупредија дека во Јужна Африка се откриени соеви туберкулоза кои се потполно отпорни на најсилните лекови, со што станува речиси неизлечива.Предупредуваат дека, ако не се преземе нешто итно, смртоносната болест може многу брзо да се прошири по светот.Во најновото издание на магазинот „Emerging Infectious Diseases“, кој го издава Центарот за контрола и превенција на болести, се наведува дека во јужно африканските клиники има се повеќе заболени од болести на белите дробови, а меѓу нив се и пациенти со потполно резистентна (отпорна) туберкулоза.Туберкулозата (TBC) е респираторна инфекција предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Се смета дека е една од најраспространетите болести на светот, а откривањето на антибиотиците, односно стрептомицинот, по Втората светска војна овозможи соодветно лечење.Иако TBC е елиминирана во индустријализираниот свет, болеста и понатаму ераспространета во многу други земји во развој.Но, по откривањето на соеви отпорни на антибиотици, медицинските експерти предупредија на тоа дека TBC е подготвена за драматично и смртоносно враќање.Имено, лекарите се многу загрижени со оглед на тоа дека болеста се шири со кивање и кашлање, како и обичното дишење.Д-р Убиства Наиду, кој ги лечи заболените од туберкулоза во Кејп Таун во Јужна Африка, и сам бил заразен од оваа опасна болест. Во текот на лекувањето на болните и тој се заразил со бактеријата отпорна на лекови.„За неколку месеци изгубив 13 кг. Наодите покажуваа дека моето десно белодробно крило е исполнето со вода. Бев близу смртта“, вели лекарот.За да се излечи, користел коктел од многу јаки лекови, но поради тоа заболел од Стивенс-Џонсон синдром, кој доведува до одвојување на слоевите кожа и до крварење од очите.„Ако туберкулозата не ве убие, лековите ќе го сторат тоа“, вели Аниду, кој сепак по три години лечење успеал да се опорави, меѓутоа болеста оставила белези на неговите белодробни крила.Светската здравствена организација веќе неколку години предупредува на случаите на туберкулоза кои се неизлечиви.Стручњаците сметаат дека  се потребни повеќе лекови и поголема акција во сузбивањето на оваа болест.
МакфаксМедицински стручњаци предупредија дека во Јужна Африка се откриени соеви туберкулоза кои се потполно отпорни на најсилните лекови, со што станува р

loading...