Новата учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври

Loading...

Новата учебната година ќе почне на 1 октомври, наjaви денеска мандаторот Зоран Заев на прес конференција.

„Школската година нема да почне на 1 септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.

Како што е предвидено досега, наставата ќе се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение.

Претходно, министерот за образование Арбр Адеми кажа дека учебната година најверојатно ќе почне на 15 септември.

loading...